ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА МУ ИЗГЛАСА НЕДОВЕРБА НА ПРЕМИЕРОТ

    ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА МУ ИЗГЛАСА НЕДОВЕРБА НА ПРЕМИЕРОТСтефан Левен предводеше малцинска коалиција од 2018 (Фото: Ројтерс)

    Шведскиот парламент му изгласа недоверба на премиерот Стефан Левен, што е прв таков случај во историјата на земјата. Лидерот на Социјалдемократите има една недела да поднесе оставка или да распише вонредни избори.

    Националистичката партија Шведски демократи ја искористи шансата да покрене гласање за доверба откако Левичарската партија ѝ ја откажа поддршката на владата поради нејзиниот план за олеснување на контролата врз изнајмувањето на новоизградени станови.

    Малцинската коалиција на Левен со Зелените се потпираше врз поддршката на две помали партии и Левичарската партија откако беше формирана во 2018 година.

    Ако Левен одлучи да поднесе оставка, нејасно е кој би можел да го добие мандатот за формирање нова влада, а и вонредните избори можеби нема да донесат јасен победник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира