ШВЕДСКИОТ ЗАКОН ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ НАПОЛНИ 250 ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Стокхолм,(ФоринПолиси)

    ШВЕДСКИОТ ЗАКОН ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ НАПОЛНИ 250 ГОДИНИ

    Слободата на медиумите вчера наполни 250 години. На 2 декември 1766 година шведскиот парламент го изгласа Законот за слобода на медиумите, прв таков каде било во светот.

    „Слободата на нацијата е секогаш пропорционална со слободата на медиумите“, кажа тогаш шведскиот парламентарец Андерс Кидениус, кој помогна да се донесе законот во 18. век.

    Сепак, многу истражувања покажуваат дека слободата на медиумите назадува, како што забележа и шведското министерство за надворешни работи.

    „Додека го прославуваме овој важен јубилеј, основните права и слободи кои треба да ги штити Законот се сè позагрозени ширум светот. Ограничувачки закони, самоцензура и заплашување ги замолчуваат новинарите и цивилното општество. Поради тоа, потребни се зголемени напори да се одбранат слободата на говорот и транспарентноста“, соопшти вчера министерството.

    Во истражувањето на „Фридом Хаус“, кое го следи назадувањето, се наведува дека слободата на медиумите „падна на најниско ниво во последните 12 години во 2015 година додека политички, криминални и терористички сили се обидуваат да ги придобијат на своја страна или да ги замолчат медиумите“. 41 отсто од светската популација живее во земји со „делумно слободни медиуми“, а 46 отсто живеат во земјите со „неслободни медиуми“, заклучи извештајот.

    Шведска се наоѓа на осмото место на годишниот извештај за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, откако назадуваше од петтото место во 2015 година. Соседот на Шведска, Финска, е на првото место според извештајот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира