СИДНЕЈ ЗАБРАНИ ПЕЕЊЕ И ТАНЦУВАЊЕ ЗА ДА НЕ СЕ ШИРИ КОРОНАВИРУСОТ

    СИДНЕЈ ЗАБРАНИ ПЕЕЊЕ И ТАНЦУВАЊЕ ЗА ДА НЕ СЕ ШИРИ КОРОНАВИРУСОТДелови на Сиднеј од вчера повторно се во карантин (Фото: Гети)

    Танцување, пеење и викање се забранети низ Сиднеј со новиот пакет рестриктивни мерки, со кои австралиските власти се обидуваат да го стават под контрола ширењето на коронавирусот во градот.

    Делови од најнаселениот град во Австралија од вчера се наоѓаат во нов карантин. Денеска се регистрирани уште 30 нови случаи на коронавирус во овој регион, со што вкупниот број заразени од новиот кластер откриен во четвртокот порасна на 68.

    Сојузната држава Нов Јужен Велс објави дека од денеска се забрануваат танцување, пеење и викање во сите затворени простори низ Сиднеј.

    „Ова е сезона кога сите сакаме да пееме. Но, во моментов, тоа е една од најопасните активности што може да се прават“, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.

    Властите ги охрабруваат граѓаните да носат маска, но не е задолжително, а домашни собири се ограничени на десет лица. Тие се надеваат дека некои мерки ќе може да се укинат за Божиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира