СИЛЕН ВЕТЕР ЈА УРНА БИНАТА НА ТЕХНО ФЕСТИВАЛ КАЈ ВАЛЕНСИЈА, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    СИЛЕН ВЕТЕР ЈА УРНА БИНАТА НА ТЕХНО ФЕСТИВАЛ КАЈ ВАЛЕНСИЈА, ЕДЕН ЗАГИНАТНенадејна песочна бура го погодила фестивалот во раните утрински часови (Фото: ЕФЕ)

    Едно 22-годишно лице загина, а најмалку 17 се повредени откако силен ветер урна дел од бината на фестивалот на електронска музика Медуза близу Валенсија. Фестивалот, кој требаше да трае до утре, е прекинат.

    Итните служби кажаа дека тројца е хоспитализираните се здобиле со сериозни повреди.

    Очевидците изјавија дека ненадејна песочна бура го погодила фестивалот во раните утрински часови. Шпанската метеоролошка агенција објави дека ветровите во регионот достигнале брзина од над 80 километри на час.

    Сите сме во шок. Неколку минути порано бев на местото каде што паднаа делови од бината“, изјави еден од присутните.

    Оваа година, на фестивалот настапија имиња како Афроџек, Дејвид Гета, Карл Кокс, Стив Аоки и Марко Карола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира