СИЛНО ПОДЕЛЕНИОТ МОСТАР УТРЕ ИЗЛЕГУВА НА ПРВИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ОД 2008 БЛАГОДАРЕНИЕ НА СУДСКАТА ПОБЕДА НА 36-ГОДИШНА НАСТАВНИЧКА

    СИЛНО ПОДЕЛЕНИОТ МОСТАР УТРЕ ИЗЛЕГУВА НА ПРВИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ОД 2008 БЛАГОДАРЕНИЕ НА СУДСКАТА ПОБЕДА НА 36-ГОДИШНА НАСТАВНИЧКАНајголемите политички партии на Бошњаците и Хрватите 12 години не успеаја да се договорат како да ги изменат изборните правила (Фото: АП)

    Ирма Баралија едвај го чека утрешниот ден, кога ќе гласа и се надева дека ќе победи на првите локални избори во Мостар по пауза од 12 години.

    За да го овозможи тоа, 36-годишната наставничка по филозофија лани ја тужеше својата земја пред Европскиот суд за човекови права, зашто дозволила спорот помеѓу две големи националистички политички партии да спречи 100.000 жители на Мостар да гласаат повеќе од цела деценија.

    „Се надевам дека мојот пример ќе ги инспирира жителите на Мостар кога утре ќе гласаат, да бидат храбри и да сфатат дека како поединци можеме да донесеме позитивна промена“, вели Баралија, која се бори за место во локалниот совет како кандидат на мултиетничката Наша партија.

    Мостар нема одржано локални избори од 2008 година, кога Уставниот суд на БиХ пресуди дека изборните правила се дискриминирачки и нареди да бидат изменети. Доминантните политички партии на Бошњаците и Хрватите, СДА и ХДЗ, потрошија повеќе од 10 години без да успеат да се договорат како да го направат тоа. За тоа време, градот остана крајно поделен, а инфраструктурата пропаѓаше.

    За време на војната во БиХ, Хрватите го населија западниот, а Бошњаците источниот дел на градот и тој денес има две пошти, две компании за снабдување со струја и вода, две телефонски мрежи и две јавни болници и сето тоа во лоша состојба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира