СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ГО ОПКОЛИЈА КЛУЧНИОТ ГРАД ХАМА, ОД КАДЕ МОЖАТ ДА НАПРЕДУВААТ КОН ХОМС

    СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ГО ОПКОЛИЈА КЛУЧНИОТ ГРАД ХАМА, ОД КАДЕ МОЖАТ ДА НАПРЕДУВААТ КОН ХОМСБорбите околу Хама доаѓаат откако бунтовниците ги зазедоа Алеп (Фото: Гети)

    Сириските бунтовници го окружија клучниот град Хама од три страни, велат набљудувачите, и покрај противофанзивата на владините сили. Хама е стратешки лоциран во централна Сирија и за сириската војска е од клучно значење за заштитата на главниот град Дамаск.

    Борбите околу Хама доаѓаат откако бунтовниците ги зазедоа Алеп и други села и градови во изненадувачката офанзива, што ја почнаа минатата недела.

    Бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам го опколија градот Хама од три страни и сега се наоѓаат на три-четири километри од него. Владините сили сега имаат само еден излез, кон Хомс на југот“, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

    Заповедникот на бунтовниците Хасан Абдул Гани изјави дека почнале да навлегуваат во Хама, иако сириската војска е поддржана од руски борбени авиони и ирачки милитантни групи.

    Хама постојано беше под контрола на владините сили за време на граѓанската војна, која почна во 2011. Освојувањето на Хама, која е оддалечена над 200 километри од Дамаск, ќе им овозможи на бунтовниците да напредуваат кон главниот централен град Хомс. Во близина на Хама се наоѓаат мнозински христијанскиот град Мурада и Саламија, каде што живеат исмаилски муслимани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира