СИТЕ ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ОСВЕН ОРБАН ВЕТИЈА ДЕКА И НАТАМУ ЌЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ УКРАИНА, НО ЗЕЛЕНСКИ НЕ ДОБИ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ГРАНАТИ

    СИТЕ ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ОСВЕН ОРБАН ВЕТИЈА ДЕКА И НАТАМУ ЌЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ УКРАИНА, НО ЗЕЛЕНСКИ НЕ ДОБИ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ГРАНАТИЕУ го одби барањето на Владимир Путин да престане да ѝ се дава странска воена помош на Украина (Фото: АП)

    Европските лидери денеска ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, но не одговорија веднаш на барањето на Володимир Зеленски да се одобри пакет од пет милијарди долари за артилериски гранати.

    Ни требаат средства за гранати и многу би ценеле ако добиеме европска поддршка од пет милијарди евра најбрзо што може“, кажа Зеленски, кој се обрати на самитот во Брисел преку видеоврска.

    Европската Унија го одби барањето на Владимир Путин да престане да ѝ се дава странска воена помош на Украина како услов за целосно примирје. Изјавата дека ќе продолжи поддршката за Украина ја потпишаа сите лидери на ЕУ, освен Виктор Орбан. Тие ветија дека и натаму ќе обезбедуваат „редовна и предвидлива финансиска и воена поддршка“ за Украина.

    Сепак, ЕУ не даде конкретен одговор на предлогот на еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас да се обезбедат два милиона гранати за Украина во вредност од пет милијарди евра, како што побара Зеленски. Калас претходно веќе го намали предлогот да се ветат 40 милијарди евра воена помош за Украина за целата година, при што секоја земја да придонесе според нејзината економска големина, на што се спротивставија некои земји, особено од јужна Европа, кои се далеку од Русија.

    Шпанскиот премиер Педро Санчес рече дека не му се допаѓа терминот „повторно вооружување“, кој Европската комисија интензивно го користи во напорите да се издвојуваат повеќе средства за одбраната.

    Важно е да се земе предвид дека предизвиците со кои се соочуваме во јужното соседство се малку поинакви од оние со кои се соочува источното крило“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира