Сите кои патуваат со авион за Германија претходно ќе мора да се тестираат за коронавирус, додека земјата се обидува да го запре третиот бран на пандемијата, а експертите предупредуваат дека дневно можат да се очекуваат 100.000 новозаразени. Ова претходно се бараше само од оние кои доаѓаат од високоризичните земји.
Авиокомпаниите ќе смеат да ги примат само оние патници кои се тестирале во последните 48 часа.
Исто така, Германија воведе случајни тестирања и на своите копнени граници, објави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.
„Без разлика дали доаѓате од Полска, Франција или Данска, секој може да очекува да биде тестиран“, кажа Зехофер.
Тестирањата ќе се прават откако возилото ќе влезе на територијата на Германија.