СЛАВИ ТРИФОНОВ ИЗМИСЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА НАПУШТАЊЕ НА БУГАРСКАТА ВЛАДА, ВЕЛИ МИНИСТЕР ОД НЕГОВАТА ПАРТИЈА

    СЛАВИ ТРИФОНОВ ИЗМИСЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА НАПУШТАЊЕ НА БУГАРСКАТА ВЛАДА, ВЕЛИ МИНИСТЕР ОД НЕГОВАТА ПАРТИЈАТрифонов во вчерашно интервју за радиото „Дарик“ со повишен тон кажа дека ја напушта владата на Кирил Петков „заради Македонија“. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Министерот за спорт Радостин Василев и петмина пратеници од партијата Има таков народ (ИТН) вечерва на прес-конференција во Софија соопштија дека ја напуштаат партијата откако лидерот Слави Трифонов минатата недела објави дека излегува од владејачката коалиција во Бугарија. Тие велат дека ИТН е бизнис-проект на Трифонов и дека не му е приоритет борбата против корупциските шеми на претходните власти.

    „Македонија е измислена причина за напуштањето на ИТН. Државата паѓа заради регионалното министерство“, кажа Василев.

    Министерот и пратениците тврдат дека Трифонов решил да ја напушти владата откако биле откажани дополнителните милијарди левови за Министерството за регионален развој, со кое раководи Гроздан Караџов, кадар на ИТН.

    „Не сум верувал дека ќе дојде моментот да кажа дека Бугарија ми е поважна од заткулисните интереси на група лица кои најверојатно го контролираат нашиот лидер“, додаде Василев.

    Трифонов во вчерашно интервју со повишен тон кажа дека ја напушта владата на Кирил Петков „заради Македонија“. Тој тврди дека премиерот Петков водел надворешна политика на своја рака и има намера да го крене ветото за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Македонија.

    Петмината одметнати пратеници од ИТН најавија дека во парламентот ќе делуваат како независни пратеници, но ќе ја поддржат владата на Петков. Со нив, Петков има поддршка од 114 пратеници, 7 помалку од потребното за мнозинство.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира