СЛЕПА ДИПЛОМАТКА СТАНА БРИТАНСКА АМБАСАДОРКА ВО СЛОВЕНИЈА

    СЛЕПА ДИПЛОМАТКА СТАНА БРИТАНСКА АМБАСАДОРКА ВО СЛОВЕНИЈАНа Викторија Џејн Харисон ќе ѝ помага кучето Ото (Фото: СТА)

    Амбасадата на Велика Британија во Словенија отсега ќе ја предводи слепа амбасадорка.

    Викторија Џејн Харисон го започна својот мандат предавајќи ѝ ги акредитивите на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, а во работата ќе ѝ помага кучето Ото. Харисон зборува словенечки откако го студирала овој јазик на Универзитетот во Нотингем.

    Таа е првата слепа британска амбасадорка и на сајтот на британската влада напишаа дека ова е пресвртница за дипломатската служба на Обединетото Кралство.

    Харисон е родена со здрав вид, но почнал да ѝ се влошува во тинејџерските години и ослепела на крајот на студирањето.

    Покрај тоа што Британија и Словенија се олимписки шампиони во спортско качување, ние делиме и вредности како еднаквост и инклузија, што мене лично ми е многу важно. И моето куче Ото е пресреќно што е тука. Тој е првото куче кое придружува британски амбасадор во светот“, изјави Харисон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира