Словенечките пожарникари евакуираа 22 деца од градинка во градот Менгеш, откако водата го поплави објектот по последното невреме во земјата проследено со поројни дождови.
Припадниците на доброволното противпожарно друштво од Менгеш ги објавија фотографиите од драматичното спасување на својага фејсбук страница, на кои што се гледа како ги изнесуваат децата едно по едно, додека водата им е до половината.
„Ги известуваме родителите на децата од градинката дека сите 22 деца се евакуирани на безбедно“, објавија пожарникарите на Фејсбук.
Словенечките пожарникари од вчера имаа стотици интервенции откако земјата ја зафати силно невреме, кое донесе поплави и свлечишта, што пак блокираше патишта и населени места. Досега е потврдено дека загинале три лица, од кои двајца холандски државјани.