СЛОВЕНИЈА ГИ ЛАНСИРАШЕ СВОИТЕ ПРВИ САТЕЛИТИ ВО ВСЕЛЕНАТА

    СЛОВЕНИЈА ГИ ЛАНСИРАШЕ СВОИТЕ ПРВИ САТЕЛИТИ ВО ВСЕЛЕНАТА„Немо ХД“ е поголемиот од двата сателита и тежи 65 килограми (Фото: СТА)

    По неколку одложувања поради лошото време, Словенија конечно ги лансираше своите први сателити „Немо ХД“ и Трисат“, кои се дел од проект на Европската вселенска агенција. Заедно со уште 51 сателит од 13 земји, тие се лансирани со ракетата „Вега“ од полигонот во Француска Гвајана.

    Шефот на проектот „Трисат“, Изток Крамбергер од Факултетот за електротехника и компјутерски науки, кажа дека лансирањето поминало без проблеми.

    „Среќни сме што ја надминавме оваа прва пречка, но вистинската работа допрва ни претстои. Ова е само почеток“, изјави Крамбергер.

    „Немо ХД“ е тежок 65 килограми, додека „Трисат“ е наносателит од 4,4 килограми. Тие се развиени од Центарот за вселенски науки и технологии во Љубљана и ќе помогнат да се набљудува Земјата за потребите на земјоделството, шумарството, урбанизмот и поморскиот сообраќај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира