СЛОВЕНИЈА ОД ВЕЧЕРВА ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    СЛОВЕНИЈА ОД ВЕЧЕРВА ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАСе проценува дека 1% од населението во Словенија е заразено со коронавирусот (Фото: Дневник)

    По Франција и Белгија, Словенија е третата земја од Европската Унија која од вечерва воведува полициски час, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Општата забрана за движење ќе биде на сила од 21 до шест часот и нема да важи само за оние кои одат на работа и за итни случаи. Локалните медиуми велат дека ова е првпат во Словенија да се воведува полициски час од италијанската окупација во Втората светска војна.

    Словенечката влада вчера прогласи 30-дневна епидемија во земјата и донесе други рестриктивни мерки, при што се забрануваат сите собири со повеќе од шест луѓе, како и сите јавни настани, венчавки и верски церемонии. Забранети се и сите несуштински патувања надвор од местото на живеење.

    Словенечките здравствени власти проценуваат дека 1% од населението е заразен со коронавирусот, при што денеска се потврдени 794 нови случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира