Словенија се бори со најголемите пожари од осамостојувањето во 1991, во чие гаснење учествуваат повеќе од 1.000 пожарникари, а помагаат и хеликоптери од Австрија, Хрватска и Словачка.
„На пожарите не им се гледа крај“, изјави Сречко Шестан, шефот на цивилната заштита на Словенија.
Пожарот во северозападниот регион Крас во текот на ноќта бил ставен под контрола, но во прилог на пожарникарите не им одат најавите за силни ветрови попладнево.
Огнот се прошири во Словенија од соседната Италија, каде што вчера загина една 56-годишна волонтерка, врз која паднало изгорено дрво.
Опожарена е површина од 2.000 хектари, а дополнителна опасност претставуваат неексплодирани мини останати од Првата светска војна.