Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант, велејќи дека веќе нема доверба во неговите способности да ги води тековните воени операции во Газа и Либан.
На местото на Галант дојде досегашниот министер за надворешни работи Израел Кац, додека неговата функција ја презеде Гидеон Сар, објави кабинетот на Нетанјаху.
„Во изминатите неколку месеци мојата доверба во Галант се намали, па одлучив да го сменам од министерската функција“, кажа Нетанјаху.
Тој се обиде да го смени Галант и во март, што доведе до големи улични протести против владата.