СНАЈПЕРИСТИ УБИЈА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКО НАСИЛСТВО ВО ДАЛАС

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(разниизвори)

    СНАЈПЕРИСТИ УБИЈА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКО НАСИЛСТВО ВО ДАЛАС

    Четворица полицајци се убиени, а седуммина се ранети кога на нив
    пукале тројца снајперисти синоќа во Далас во американската држава Тексас, во момент кога во центарот на градот се одржувале мирни протести поради убиството на двајца Афроамериканци за време на полициска интервенција.
    Полицијата објави дека тројца се уапсени, од кои една жена, а еден напаѓач се уште е забарикадиран. На местото на кое е уапсен еден од осомничените полицијата открила сомнителен пакет и проверува дали станува збор за експлозивна направа.
    Потрагата по напаѓачите се случувала во центарот на Далас, а целата глетка изгледала хаотично, со хеликоптери кои надлетуваат во центарот на градот и полицајци со автоматски пушки на улиците.

    Снајперските напади се случиле во четвртокот во 20:45 по локално време во момент додека повеќе стотици лица протестирале поради убиството на Афроамериканците во текот на полициска интервенција во Батон Руж во
    Луизијана и во Сент Пол во Минесота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира