СО НОВИ 651 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19 ИТАЛИЈА ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД 5.000 МРТВИ

    СО НОВИ 651 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19 ИТАЛИЈА ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД 5.000 МРТВИИталија се ближи кон бројката офд 60.000 заразени досега (Фото: АФП)

    Во Италија во последните 24 часа починале 651 лице од КОВИД-19, 142 помалку во однос на вчера, кога беше поставен апсолутен рекорд.

    Само во Ломбардија, која е најтешко погоден регион, починале 360 луѓе, што исто така е значително помалку во однос на вчерашните 546.

    Од почетокот на кризата пред нешто повеќе од еден месец, коронавирусот однесе вкупно 5.476 животи во земјата.

    Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека има и 5.560 новозаразени, со што вкупната бројка досега изнесува 59.138, меѓу кои има и 7.024 излекувани.

    Италија најави воведување на уште построги мерки за граѓаните, при што ќе бидат забранети сите спортски и физички активности на отворено, а се затвораат и сите несуштински бизниси низ земјата. Супермаркети, аптеки, пошти и банки и натаму ќе бидат отворени, а и јавниот превоз останува во функција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира