Шпанија забележа нов трагичен рекорд откако во последните 24 часа починале 950 луѓе од КОВИД-19. Ова е шести ден по ред во земјата да има над 800 мртви, но бројката никогаш досега не одела над 900.
Шпанија стана втора земја со повеќе од 10.000 починати од КОВИД-19 и сега е на 10.003. Пред неа е само Италија со повеќе од 13.000 мртви.
Драматично расте и бројот на заразени, откако во еден ден биле регистрирани нови 8.102 случаи, а вкупни 110.238 досега. Од нив се излекувани 26.743 пациенти.