Пол Пелоси, сопругот на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, е уапсен викендов во Калифорнија под сомнение дека возел под дејство на алкохол. Полициските извештаи покажуваат дека 82-годишниот Пелоси бил приведен во саботата во округот Напа во Сан Франциско, откако учествувал во сообраќајна несреќа.
Тој се соочува со обвинение за возење под дејство на алкохол и за возење со присуство на алкохол во крвта од 0,08 промили или повеќе.
Како што објави сајтот ТМЗ, автомобилот „порше“ на Пелоси бил удрен од друго возило, но не е наведено кој е виновникот за несреќата, во која немало повредени. Возачот на другото возило не бил уапсен.
Пелоси вчера бил пуштен од притвор со кауција од 5.000 долари. Тој и Ненси Пелоси се во брак од 1963 година.