СОВЕТНИЦИ НА ТРАМП ВЕЛАТ ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ ЗА ЕДЕН ДЕН, ЌЕ ТРЕБААТ МЕСЕЦИ

    СОВЕТНИЦИ НА ТРАМП ВЕЛАТ ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ ЗА ЕДЕН ДЕН, ЌЕ ТРЕБААТ МЕСЕЦИПо победата на изборите, Трамп малку ја смири реториката, па кажуваше само дека ќе ја реши војната (Фото: АП)

    Советниците на Доналд Трамп признаваат дека ќе бидат потребни месеци за да се најде решение за војната во Украина, што е спротивно на неговото најголемо ветување за надворешната политика – дека ќе постигне договор за мир уште првиот ден во Белата куќа.

    Двајца соработници на Трамп, кои со него имаат разговарано за војната во Украина, кажаа за агенцијата „Ројтерс“ дека се разгледува неколкумесечна временска рамка за решавање на војната, опишувајќи ги претходните луди ветувања како комбинација на агресивна предизборна кампања и потценување на конфликтот, покрај тоа што е потребно време да се состави новата администрација.

    Идниот специјален претставник за Русија и Украина, Кит Келог, кажа дека решение за војната би можело да се најде во рок од 100 дена, што исто така е далеку од ветувањата на Трамп.

    Дури и предвидувањата на Келог се преоптимистични. За да се оствари тоа, Трамп мора да го убеди Путин да прифати негативни страни ако попушти“, изјави бившиот американски амбасадор во Украина, Џон Хербст.

    Во пресрет на изборите на 5 ноември, Трамп во десетици наврати вети дека ќе ја заврши војната во Украина уште првиот ден во Белата куќа, ако не и порано, без да објасни како. По победата на изборите, Трамп малку ја смири реториката, па кажуваше само дека ќе ја реши војната. Во една прилика призна дека ќе биде потешко да се заврши војната во Украина отколку да се постигне примирје во Газа.

    Русија исто така праќаше мешани сигнали за можен мировен договор, при што ја поздрави идејата за директни разговори со Трамп, но отфрли некои предлози на неговите советници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира