СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН ГО ПОДДРЖА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА ИДНИНАТА НА ГАЗА, ХАМАС ЈА ОТФРЛИ РЕЗОЛУЦИЈАТА

    СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН ГО ПОДДРЖА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА ИДНИНАТА НА ГАЗА, ХАМАС ЈА ОТФРЛИ РЕЗОЛУЦИЈАТАПланот вклучува создавање на Меѓународни стабилизациски сили и преодно тело наречено Одбор за мир (Фото: АП)

    Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои американската резолуција за поддршка на планот за Газа од 20 точки, подготвен од Доналд Трамп. Планот вклучува создавање на Меѓународни стабилизациски сили (ИСФ), во кои, според САД, повеќе неименувани држави понудиле да учествуваат.

    За резолуцијата гласаа 13 држави, никој не беше против, а Кина и Русија беа воздржани. Хамас ја отфрли резолуцијата, велејќи дека не ги исполнува правата и барањата на Палестинците и се стреми да наметне меѓународно старателство врз енклавата. Портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш кажа дека ова е важен чекор во консолидирањето на примирјето.

    Според резолуцијата, ИСФ ќе соработуваат со Израел и Египет, заедно со новообучени палестински полициски сили, во обезбедувањето на граничните области и процесот на трајно разоружување на недржавните вооружени групи, вклучително и Хамас. Досега, полицијата во Газа беше во надлежност на Хамас.

    ИСФ ќе бидат задолжени за обезбедување на областа, поддршка на демилитаризацијата на Газа, демонтирање на терористичката инфраструктура, отстранување на оружјето и за безбедноста на палестинските цивили“, изјави амбасадорот на САД во ОН, Мајк Волц.

    Советот за безбедност, исто така, одобри создавање на преодно тело наречено Одбор за мир, кој ќе ги надгледува управувањето на палестинскиот технократски, аполитички комитет, обновата на Газа и испораката на хуманитарна помош. Член на одборот треба да биде и Трамп, а средствата за обнова на Газа во првите две години ќе доаѓаат од фонд поддржан од Светска банка.

    Ова ќе остане запишано како едно од најголемите одобрувања во историјата на Обединетите нации, ќе доведе до понатамошен мир низ целиот свет и е момент од вистински историски размери“, кажа Трамп.

    Иако Израел остро се спротивставува на создавањето палестинска држава, клучните арапски држави извршија притисок да се вклучи палестинско самоопределување во текстот на резолуцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира