СПАСУВАЧИТЕ СЕ ТРКААТ СО ВРЕМЕТО ВО ПОТРАГА ПО ПРЕЖИВЕАНИ ПО ВЧЕРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ДОСЕГА НАД 4.800 МРТВИ

    СПАСУВАЧИТЕ СЕ ТРКААТ СО ВРЕМЕТО ВО ПОТРАГА ПО ПРЕЖИВЕАНИ ПО ВЧЕРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ДОСЕГА НАД 4.800 МРТВИИлјадници згради се урнаа во Турција и Сирија во земјотресот со јачина од 7,8 степени (Фото: АП)

    Спасувачите се борат со силен дожд, снег и ниски температури додека се тркаат со времето да пронајдат преживеани по вчерашниот катастрофален земјотрес во југоисточна Турција и Сирија, кој според последните официјални информации, однесол повеќе од 4.800 животи, а 15.000 се повредени од двете страни на границата. Светската здравствена организација предупреди дека бројот на жртвите би можел да биде и осумкратно поголем.

    Турската агенција за итни случаи кажа дека во погодените подрачја се испратени повеќе од 2.600 спасувачи од 65 држави, а испорачани се и 300.000 ќебиња и 41.000 семејни шатори.

    Од урнатините се извлечени повеќе од 8.000 преживеани. (Фото: Гети)

    Илјадници згради се урнаа во Турција и Сирија во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а неполни 12 часа подоцна уследи уште еден од 7,5 степени. Ноќеска бил регистриран уште еден посилен земјотрес од 5,5 степени, како и многубројни афтершокови.

    Голем број држави објавија дека ќе испратат помош во Турција и Сирија, вклучувајќи специјалистички тимови и кучиња трагачи, а во меѓувреме, од урнатините се извлечени повеќе од 8.000 преживеани. Земјотресот предизвика сериозни оштетувања на три аеродроми во Турција, што дополнително ги отежнува спасувачките напори.

    Земјотресот погоди десет провинции во Турција и донесе уште мизерија во областите во Сирија кои доживеаја огромни страдања во изминатите десет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира