СПРЕЧЕН Е ОБИДОТ ЗА ДРЖАВЕН УДАР, КАЖА ВЛАДАТА НА БЕНИН

    СПРЕЧЕН Е ОБИДОТ ЗА ДРЖАВЕН УДАР, КАЖА ВЛАДАТА НА БЕНИНМала група војници започна бунт со цел дестабилизација на земјата и нејзините институции, вооружените сили на Бенин и нивното раководство ја задржаа контролата врз ситуацијата и го спречија обидот, рече министерот за внатрешни работи. (Фото: Ал Џезира)

    Министерот за внатрешни работи на Бенин денеска изјави дека вооружените сили спречиле обид за државен удар откако група војници во западноафриканската земја на националната телевизија тврдеа дека ја презеле власта.

    „Мала група војници започна бунт со цел дестабилизација на земјата и нејзините институции“, рече министерот Аласане Сеиду. „Соочени со оваа ситуација, вооружените сили на Бенин и нивното раководство ја задржаа контролата врз ситуацијата и го спречија обидот“, додаде тој.

    Најмалку осум војници, од кои неколку носеа шлемови, излегоа на државната телевизија за да објават дека воен комитет предводен од полковникот Тигри Паскал ја презел власта и ги распушта националните институции, го суспендира уставот и ги затвора воздушните, копнените и морските граници.

    „Армијата свечено се обврзува да му даде на народот на Бенин надеж за навистина нова ера, каде што преовладуваат братството, правдата и работата“, се вели во соопштението прочитано од еден од војниците.

    Сè уште не се знае каде е претседателот Патрис Талон, а неговот кабинет изјави дека тој е безбеден.

    Министерот за надворешни работи Олушегун Аџади Бакари претходно за Ројтерс изјави дека „мала група“ војници се обидела да ја собори владата, но дека силите лојални на претседателот Патрис Талон работат на воспоставување ред.

    Обидот за државен удар беше најновата закана за демократските норми во регионот, каде што војската во последните години ја презеде власта во соседите на Бенин, Нигер и Буркина Фасо, како и во Мали, Гвинеја и минатиот месец во Гвинеја-Бисао.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира