СПРЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА, БУЏЕТОТ ИЗГЛАСАН БЕЗ ДА СЕ ПРИФАТИ КЛУЧНО БАРАЊЕ НА ТРАМП

    СПРЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА, БУЏЕТОТ ИЗГЛАСАН БЕЗ ДА СЕ ПРИФАТИ КЛУЧНО БАРАЊЕ НА ТРАМПБуџетот помина со големо мнозинство во Сенатот по истекот на крајниот рок на полноќ (Фото: АП)

    Двата дома на американскиот Конгрес изгласаа договор за буџетот, со што беше спречено првото затворање на федералната влада во последните пет години. Буџетот помина со големо мнозинство во Сенатот по истекот на крајниот рок на полноќ.

    Законот не го вклучува барањето на Доналд Трамп пратениците да можат да одлучат колку пари може да позајми федералната влада, што ги покажа границите на неговата способност да ги контролира конгресмените од неговата партија.

    Без договор за финансирање, милиони федерални работници би завршиле на привремено неплатено отсуство или би останале без работа.

    Последното затворање на владата се случи во 2019, за време на првиот мандат на Трамп и траеше 35 дена, најдолго во американската историја.

    Пратениците од двете партии оваа недела постигнаа договор за финансирање на владата, но тој пропадна откако Трамп и Илон Маск ги повикаа републиканците да го отфрлат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира