СПРЕМНИ СМЕ ДА ПРИФАТИМЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ ПОЛСКА

    СПРЕМНИ СМЕ ДА ПРИФАТИМЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ ПОЛСКАПолскиот претседател Дуда кажа дека веќе некое време се разговара за нуклеарна соработка помеѓу Полска и САД (Фото: ЕПА)

    Полска е спремна да прифати нуклеарно оружје ако НАТО одлучи да го распореди како одговор на руското вооружување на Белорусија и енклавата Калининград, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда. Полска, која е силен поддржувач на Украина, граничи и со Белорусија и со Калининград, кој беше отсечен од Русија откако Литванија стана независна во 1991.

    Ако нашите сојузници одлучат да распоредат нуклеарно оружје на нашата територија за да се зајакне источното крило на НАТО, ние сме спремни да го направиме тоа“, кажа Дуда.

    Тој додаде дека веќе некое време се разговара за нуклеарна соработка помеѓу Полска и САД.

    Веќе неколкупати зборевме за тоа. Кога нѐ прашаа, реков дека сме подготвени. Русија наголемо го милитаризира Калининград, а неодамна пресели нуклеарно оружје во Белорусија“, изјави Дуда.

    Во јуни 2023, Владимир Путин потврди дека Русија ќе испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира