СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО ТРАМП, КАЖА ПУТИН

    СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО ТРАМП, КАЖА ПУТИНПутин го опиша Трамп како храбар човек (Фото: АП)

    Владимир Путин сепак му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го опиша како храбар човек. Запрашан за време на настан во рускиот град Сочи дали е спремен да разговара со Трамп, тој одговори:

    Ние сме спремни, ние сме спремни“.

    Трамп вчера кажа дека е подготвен да разговара со Путин и смета дека тоа ќе се случи.

    Путин додаде дека тврдењето на Трамп оти може да помогне да се стави крај на војната во Украина „барем заслужува внимание“. За време на предизборната кампања, Трамп често кажуваше дека може да ја заврши војната за еден ден, иако не откри детали како би го извел тоа.

    Путин кажа и дека бил импресиониран како Трамп се носеше со обидот за атентат врз него.

    Тој, според мое мислење, реагираше многу коректно и храбро, како маж“.

    Откако Трамп прогласи победа на изборите, Кремљ кажа дека нема информации оти Путин планира да му честита, додавајќи дека САД се непријателска држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира