СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРОТИВОФАНЗИВАТА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРОТИВОФАНЗИВАТА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИЗеленски во изминатите недели беше во дипломатска мисија за обезбедување дополнителна западна поддршка (Фото: АП)

    Украина е подготвена да ја почне долгоочекуваната противофанзива и да ги ослободи териториите окупирани од Русија, изјави Володимир Зеленски во интервјуто за „Вол стрит џурнал“.

    Силно веруваме дека ќе успееме. Не знам колку ќе ни треба, но ќе го направиме тоа и спремни сме“, кажа тој.

    Киев се надева дека противофанзивата ќе ја промени динамиката на војната, која почна пред повеќе од 15 месеци.

    Минатиот месец, Зеленски кажа дека очекуваат да добијат уште западни оружја и возила пред да ја почнат противофанзивата. Во меѓувреме, тој беше во дипломатска мисија за обезбедување дополнителна западна поддршка.

    Украинската војска беше во дефанзива од ослободувањето на Херсон во ноември, при што борбите во најголем дел беа концентрирани кај источниот град Бахмут, врз кој руските сили неодамна презедоа целосна контрола. Во својот денешен извештај, украинската војска кажа дека моментално, во фокусот на борбите е градот Маринка во регионот Доњецк, каде што силите на чеченскиот лидер Кадиров тргнале во офанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира