СРБИЈА Е ПОД НЕВИДЕН ПРИТИСОК, НО НЕ САКАМЕ СРПСКИ КУРШУМИ ДА УБИВААТ РУСКИ ВОЈНИЦИ, КАЖА КРЕМЉ ОТКАКО ВУЧИЌ Ѝ ПОНУДИ ОРУЖЈЕ НА ЕУ

    СРБИЈА Е ПОД НЕВИДЕН ПРИТИСОК, НО НЕ САКАМЕ СРПСКИ КУРШУМИ ДА УБИВААТ РУСКИ ВОЈНИЦИ, КАЖА КРЕМЉ ОТКАКО ВУЧИЌ Ѝ ПОНУДИ ОРУЖЈЕ НА ЕУВучиќ вели дека Србија останува воено неутрална (Фото: АП)

    Русија вели дека е свесна дека Србија се наоѓа под голем притисок од западот, но најмалку би сакала српски куршуми да убиваат руски војници во Украина. Кремљ реагираше откако српскиот претседател Александар Вучиќ изрази подготвеност за извоз на оружје во членки на Европска Унија.

    Најмалку што би сакале е да видиме како муниција и оружје произведени во братската Србија се користат за убивање руски војници во Украина. Москва сфаќа дека Србија се наоѓа под невиден притисок и нејзината ситуација е доста тешка“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Србија, која од 2012 е кандидатка за членство во ЕУ, е една од ретките европски држави која одби да воведе санкции за Русија по почетокот на војната во Украина.

    Во интервју за германското списание „Цицеро“ минатата недела, Вучиќ кажа дека српските складишта се полни со муниција и дека Србија продолжува со производството.

    Затоа им понудив на нашите пријатели од ЕУ да склучиме договор и да земат сѐ што имаме, но досега немам добиено одговор“, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија останува воено неутрална.

    Запрашан дали е загрижен дека оружјето би можело да заврши во Украина, тој одговори:

    Купувачите можат да прават со него што сакаат“.

    Порано оваа година, руската Надворешна разузнавачка служба објави дека српските одбранбени компании ги зголемуваат испораките на оружје во Украина преку членки на ЕУ, како Чешка и Бугарија. Вучиќ потоа кажа дека го суспендирал извозот на муниција и дека тоа ќе биде можно само со специјална дозвола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира