СРБИЈА ГЛАСА ВО ТЕНЗИЧНИ ИЗБОРИ СО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ, ИСТЕПАН ПАВЛЕ ГРБОВИЌ, ЛИДЕР НА ПСГ

    СРБИЈА ГЛАСА ВО ТЕНЗИЧНИ ИЗБОРИ СО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ, ИСТЕПАН ПАВЛЕ ГРБОВИЌ, ЛИДЕР НА ПСГПавле Грбовиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани претпладнево е нападнат и повреден во главата на избирачкото место Галеника во Земун. (Фото: Нова.рс/принтскрин)

    Во Србија од утринава во 7 часот граѓаните гласаат на претседателски, вонредни парламентарни и на локални избори. До 12 часот, според Републичката изборна комисија, излезноста на гласањето е 20,52 отсто.

    Право на глас имаат 6.502.307 граѓани. Според српските независни медиуми и социјалните мрежи, низ целата држава се регистрирани и снимани бројни неправилности, како поткуп на гласање, закани, спречување на гласање, присуство на мобилни телефони кај членовите на избирачките места, групно гласање, починати лица во избирачките списоци, бугарски воз, но и насилство и ќотек.

    Павле Грбовиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани претпладнево е нападнат и повреден во главата на избирачкото место Галеника во Земун.

    Гласањето во Србија завршува вечерва во 20 часот.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира