СРБИЈА ЌЕ Ѝ ПОДАРИ 100.000 ВАКЦИНИ НА ЧЕШКА, ЧЕШКА СЕ ИЗВИНИ ЗА НАТО БОМБАРДИРАЊЕТО

    СРБИЈА ЌЕ Ѝ ПОДАРИ 100.000 ВАКЦИНИ НА ЧЕШКА, ЧЕШКА СЕ ИЗВИНИ ЗА НАТО БОМБАРДИРАЊЕТОПодарокот го најави Александар Вучиќ за време на посетата на Прага - со премиерот на Чешка Андреј Бабиш (фото: твитер на Бабиш)

    Србија ќе ѝ подари на Чешката Република 100.000 дози од вакцината „фајзер/бионтек“ против ковид-19, објави чешкиот премиер Андреј Бабиш на твитер нарекувајќи го потегот како „неверојатен подарок“, на крајот на тридневната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Прага.

    Ден претходно, чешкиот претседател Милош Земан лично му се извини на Вучиќ за НАТО бомбардирањето на Србија во 1999.

    Прага чека околу 80.000 дози вакцина против коронавирусот што требаше да ѝ бидат донирани на Чешка како гест на солидарност од Словенија, Австрија и Унгарија. Најавено е дека тие дози треба да стигнат кон крајот на јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира