СРБИЈА ПОЧНА ДА ЈА ПРОИЗВЕДУВА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 „СПУТНИК В“

    СРБИЈА ПОЧНА ДА ЈА ПРОИЗВЕДУВА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 „СПУТНИК В“Вакцината подоцна би можела да се извезува и во земјите од регионот (Фото: Ројтерс)

    Рускиот институт за директни инвестиции и Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград го означија почетокот на производството на вакцината против ковид-19 „спутник“ во Србија. Вакцината подоцна би можела да се извезува и во земјите од регионот.

    „Производството на ‘спутник В‘ беше успешно лансирано во Србија за кратко време. Србија е првата земја во Европа која почна да ја произведува руската вакцина. Од почетокот на годината, таа на големо се користи во имунизацијата на населението во земјата и тоа значително ќе се прошири благодарение на локалното производство“, изјави Кирил Дмитриев, извршниот директор на Фондот.

    Употребата на „спутник“ досега е одобрена во повеќе од 60 земји низ цел свет, а нејзината делотворност изнесува 91,6%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира