СРБИЈА СО 39 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ НА 100 ЖИТЕЛИ Е ТРЕТА ВО СВЕТОТ, ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 29,8

    СРБИЈА СО 39 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ НА 100 ЖИТЕЛИ Е ТРЕТА ВО СВЕТОТ, ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 29,8Коста К. ги искористи пиштолите на татко му за да изврши масакр во своето основно училиште во Белград (Фото: Н1)

    Во 2019, во Србија имало 39,1 парче оружје на 100 жители, со што таа ја има третата највисока стапка на светот, заедно со Црна Гора. Пред нив се само САД и Јемен, велат податоците од Small Arms Survey. Тоа значи дека во земјата со 6,7 милиони жители има над 2,7 милиони оружја во рацете на граѓаните, од кои 1,5 милиони не се регистрирани.

    Во поранешна Југославија, бројките се следни: Црна Гора – 39,1 оружје на 100 жители, БиХ – 31,2, Македонија – 29,8, Косово – 23,8, Словенија – 15,6, Хрватска – 13,7.

    Во Франција и Германија се проценува дека има 19,6 парчиња огнено оружје на 100 жители, додека во повооружените скандинавски нации Финска и Норвешка има 32,4, односно 28,8.

    Српската полиција ги повика граѓаните да ги заклучаат своите оружја, откако 13-годишник ги искористи пиштолите на татко му за да изврши масакр во своето основно училиште во Белград, убивајќи осуммина врсници и еден чувар. Две од ранетите деца и натаму се во критична состојба.

    Полицијата кажа дека Коста К. еден месец го планирал нападот, направил скици од училиштето и составил список на ученици кои сакал да ги убие. Тој ги зел пиштолите од домашниот сеф и со татко му вежбал пукање на стрелиште.

    Србија е преполна со оружја останати од војните во 1990-ите, но масовни пукања се исклучително ретки и во модерната историја ниедно не се случило во училиште.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира