СРБИЈА ВО СЛЕДНИТЕ 15-20 ДЕНА ЌЕ ГИ ПРОИЗВЕДЕ ПРВИТЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА „СПУТНИК“

    СРБИЈА ВО СЛЕДНИТЕ 15-20 ДЕНА ЌЕ ГИ ПРОИЗВЕДЕ ПРВИТЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА „СПУТНИК“Рускиот институт „Гамалеја“ го потврдил квалитетот на вакцината произведена во Србија (Фото: Ж. Личовски)

    Србија за 15 до 20 дена ќе ги добие првите ковид вакцини „спутник“ од домашно производство, најави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ. Тие ќе се произведуваат во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.

    „Во наредните 10-15 дена, Русија ќе ја испрати супстанцата на температура од два до осум степени. ‘Торлак‘ во рок од десет до 15 дена ќе мора да ја искористи таа супстанца и тогаш ќе ги добиеме и првите вакцини. Станува збор за стотици илјади дози“, рече Поповиќ.

    Тој нагласи дека Србија вложила 50 милиони евра во овој институт, а полното производство на вакцини ќе почне кон крајот на годината.

    „Во почетокот на следната година очекуваме и супстанцата за вакцината да почне да се произведува во Србија“, рече Поповиќ.

    Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврдил квалитетот на вакцината произведена во Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира