СРЕДЕ ДЕН ОГРАБЕНА БАНКА ВО НЕАПОЛ, КРАДЦИТЕ ИЗБЕГАЛЕ НИЗ ТУНЕЛ ОТКАКО ДРЖЕЛЕ 25 ЗАЛОЖНИЦИ

    СРЕДЕ ДЕН ОГРАБЕНА БАНКА ВО НЕАПОЛ, КРАДЦИТЕ ИЗБЕГАЛЕ НИЗ ТУНЕЛ ОТКАКО ДРЖЕЛЕ 25 ЗАЛОЖНИЦИПожарникарите скршиле прозорец за да им помогнат на луѓето да излезат надвор (Фото: АФП)

    Неколкумина вооружени мажи ограбија банка во Неапол среде ден, држејќи 25 луѓе како заложници, пред да избегаат низ тунел.

    Полицијата ја окружила подружницата на „Кредит агрикол“ кратко време откако почнал грабежот во 11 часот. Локалните медиуми објавија дека заложниците биле ослободени повеќе од два часа подоцна, по преговорите на полицијата со крадците, при што пожарникарите скршиле прозорец за да им помогнат на луѓето да излезат надвор.

    Еден маж подоцна изјави дека крадците ги заклучиле во соба, но не биле насилни, иако имале оружје.

    Никој не е сериозно повреден. Благодарение на брзата реакција, сите заложници беа ослободени кратко по 13:30 часот“, изјави регионалниот функционер Микеле ди Бари.

    Припадници на специјалната полиција упаднаа во банката дури неколку часа подоцна, пукајќи и фрлајќи шок-бомби. Според локалните медиуми, крадците дотогаш веќе биле избегани преку тунел. Се верува дека исчезнале преку канализацискиот систем. Засега не е познато со колкав плен избегале зашто не однеле пари, туку неколку лични сефови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира