СРЃАН КЕРИМ ЗАВРШИ НА ДЕВЕТТОТО МЕСТО ВО ПОСЛЕДНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Њујорк,(ОН)

    СРЃАН КЕРИМ ЗАВРШИ НА ДЕВЕТТОТО МЕСТО ВО ПОСЛЕДНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

    Срѓан Керим заврши на деветтото место од десет кандидати во шестата и последна рунда тајно гласање во Советот за безбедност на ОН за иден генерален секретар на ОН, на која Португалецот Антонио Гутереш беше избран за наследник на Бан Ки-мун.

    Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш го освојуваше првото место во сите досегашни гласања, а во последната рунда втор беше кандидатот од Србија, поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, а трет беше Мирослав Лајчек од Словачка.glasanje-generalen-sekretar-6

    Керим минатата рунда на гласање беше на осмото место. Денеска добил пет позитивни и девет негативни гласови од амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН.

    На почетокот беа 12 кандидати за генерален секретар на ОН. Во меѓувреме тројца се откажаа, а минатата недела во трката се вклучи Бугарката Кристалина Георгиева. Зад Керим остана Наталија Герман, поранешна министерка за надворешни работи на Молдавија.

    Јужнокореецот Бан Ки-мун ќе се повлече на крајот од 2016 година по два петгодишни мандати како генерален секретар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира