СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ПРОТЕСТИРААТ ШЕСТ МЕСЕЦИ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА РАСПИШЕ ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ

    СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ПРОТЕСТИРААТ ШЕСТ МЕСЕЦИ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА РАСПИШЕ ВОНРЕДНИ ИЗБОРИСтудентите кажаа дека изборите се единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во Србија (Фото: АП)

    Српските студенти побараа да се одржат вонредни избори по неколку месеци секојдневни протести и блокади кои ја разнишаа власта на Александар Вучиќ. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, студентите кажаа дека изборите се единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во Србија, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога во уривањето на настрешницата починаа 16 луѓе.

    Оваа трагедија доведе до протести кои со тек на време стануваа сѐ помасовни и погласни против режимот на Вучиќ и предизвикаа пад на владата на Милош Вучевиќ.

    Владината корупција е толку длабоко вкоренета во државните институции што тие не можат независно да ги извршуваат своите задачи. Веруваме дека демократијата е единствениот начин за решавање на политичка криза од вакви размери“, стои во соопштението на студентите.

    Владејачката Српска радикална партија ја отфрли идејата за вонредни избори, сметајќи дека тоа би била катастрофа за земјата.

    Студентите кои протестираат објавуваат соопштенија на заедничкиот профил на социјалните мрежи „Студенти во блокада“, немаат лидер и портпарол, а одлуките ги носат на пленарни факултетски средби. Вучиќ, пак, ги обвинува дека спроведуваат „обоена револуција“ по налог од западот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира