Најмалку 11 жени загинаа во стампедо на стадион во Авганистан, каде што луѓето аплицирале за виза.
Властите кажаа дека инцидентот во Џалалабад се случил откако илјадници луѓе се собрале за да бараат дозвола за влез во Пакистан. Тие биле пренасочувани кон стадионот место да аплицираат на вообичаеното место во центарот на градот.
Пакистан го обнови аплицирањето за виза откако беше прекинато седум месеци поради пандемијата на коронавирусот.
„Масата излезе од контрола, што доведе до стампедо“, изјави официјално лице од Џалалбад.
Голем број Авганистанци годишно патуваат во Пакистан, каде што посетуваат роднини, одат на лекување или бараат работа.