СТАМПЕДО ВО ЈЕМЕН ПРИ ДЕЛЕЊЕ ПОМОШ ОД 9 ДОЛАРИ, НАЈМАЛКУ 78 МРТВИ

    СТАМПЕДО ВО ЈЕМЕН ПРИ ДЕЛЕЊЕ ПОМОШ ОД 9 ДОЛАРИ, НАЈМАЛКУ 78 МРТВИНастанот бил организиран од двајца локални бизнисмени, кои се уапсени (Фото: АП)

    Најмалку 78 луѓе загинаа во стампедо во училиште во главниот град на Јемен, Сана, каде што се делела хуманитарна помош за Рамазан. Официјални лица кажаа дека стотици луѓе дошле во училиштето со цел да примат донација од околу девет долари по човек.

    Со градот владеат хутските бунтовници, кои ја истераа владата во 2015 година.

    Настанот бил организиран од двајца локални бизнисмени, кои се уапсени и е отворена истрага, соопшти министерството за внатрешни работи.

    „Десетици луѓе се повредени, а 13 се во критична состојба. Меѓу жртвите има многу жени и деца“, изјави претставник на безбедносните служби.

    Двајца очевидци кажаа дека стампедото се случило откако хутски борци почнале да пукаат во воздух во обид да ја исконтролираат толпата, при што погодиле електрична жица, што довело до експлозија и голема паника. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира