СТОТИНА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ПРАГА, ГОСТИТЕ ПИЕЛЕ ПИЈАЧКА СО ИСТА СЛАМКА

    СТОТИНА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ПРАГА, ГОСТИТЕ ПИЕЛЕ ПИЈАЧКА СО ИСТА СЛАМКАВирусот се проширил на роденденска забава што се одржала на 11 јули (Фото: ЕПА)

    Бројот на заразени со коронавирус што се поврзуваат со еден ноќен клуб во Прага порасна на 98, вклучувајќи фудбалери од неколку клубови од градот. Здравствените власти велат дека ова е еден од најголемите кластери во Чешка од почетокот на епидемијата.

    Тие сметаат дека изворот на заразата е една жена која немала симптоми кога присуствувала на роденденската забава во еден ноќен клуб во центарот на Прага на 11 јули. Меѓу заразените се 68 гости и седум вработени во клубот. Во карантин се ставени 273 луѓе.

    Чешките медиуми објавија дека некои од гостите се заразиле така што пиеле пијачка со иста сламка.

    Во средата, Чешка регистрираше 247 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од крајот на јуни, по што премиерот Бабиш порача дека маските повторно треба да биде задолжителни во некои затворени места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира