СТОТИЦИ ЕВАКУИРАНИ ОТКАКО ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАГРОЗИ СЕЛА И ГРАДОВИ НА САРДИНИЈА

    СТОТИЦИ ЕВАКУИРАНИ ОТКАКО ГОЛЕМ ПОЖАР ЗАГРОЗИ СЕЛА И ГРАДОВИ НА САРДИНИЈАПожарникарите сè уште не го ставиле пожарот под контрола (Фото: Твитер)

    Повеќе од 400 луѓе се евакуирани во северниот дел на италијанскиот остров Сардинија откако голем шумски пожар се доближи до неколку градови и села.

    Пожарникарите сè уште не го ставиле пожарот под контрола, за кој властите веруваат дека е подметнат. Во Италија, подметнување пожар се казнува со четири до десет години затвор.

    „Единаесет авиони се вклучени во гаснењето, најголем дел се во областа Ористано, каде што ситуацијата е најкритична. Пожарот досега зафати површина од 10.000 хектари“, изјави шефот на цивилната заштита на Сардинија, Антонио Белој, додавајќи дека временските прилики не им одат во прилог.

    Дел од луѓето утрово се вратија во своите домови, додека огнот се движи кон брегот. Градоначалниците на неколку града изразија загриженост поради ситуацијата со пожарите.

    „Ова е катастрофа. Се плашиме од најлошото“, изјави градоначалникот на Санту Лусурџу, Диего Лои.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира