СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ФРАНЦУЗИ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ И ШТРАЈКУВААТ ПРОТИВ ШТЕДЕЊЕТО И КРАТЕЊЕТО НА БУЏЕТОТ

    СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ФРАНЦУЗИ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ И ШТРАЈКУВААТ ПРОТИВ ШТЕДЕЊЕТО И КРАТЕЊЕТО НА БУЏЕТОТСиндикатите бараат укинување на фискалните планови на претходната влада и повисоки даноци за богатите (Фото: АФП)

    Наставниците, машиновозачите, фармацевтите и болничкиот персонал започнаа штрајк во Франција, а средношколците ги блокираат нивните училишта како дел од протестите против штедењето и најавените кратења на буџетот.

    Синдикатите бараат укинување на фискалните планови на претходната влада, зголемување на трошоците за јавни услуги, повисоки даноци за богатите и поништување на непопуларната промена што ќе ги принуди луѓето да работат подолго за да добијат пензија.

    Во Париз, многу линии на подземната железница ќе бидат во прекин поголемиот дел од денот, освен во утринскиот и попладневниот шпиц. Учениците се собраа за да ги блокираат влезовите во некои училишта.

    „Работниците во моментов се толку изреволтирани од оваа влада и од претседателот Макрон што не може да продолжи вака“, рече еден возач на автобус и претставник на синдикатот ЦГТ.

    Од министерството за внатрешни работи кажаа дека на денешните протести и штрајкови се очекуваат 800.000 луѓе. Една третина од наставниците во основните школи стапија во штрајк, од кој силно се погодени и регионалните возови. Најавено е дека на улиците ќе бидат распоредени 80.000 полицајци и жандарми.

    Макрон и неговиот нов премиер Себастијан Лекорну се под притисок од парламентот поради веројатните намалувања на буџетот и од инвеститорите кои се загрижени за дефицитот во втората по големина економија во еврозоната.

    Буџетскиот дефицит на Франција минатата година бил речиси двојно поголем од горната граница на ЕУ од 3%, но колку и да сака да го намали тоа, Лекорну ќе има тешка задача да добие парламентарна поддршка за буџетот за 2026. Неговиот претходник Франсоа Бајру беше сменет минатата недела откако предложи намалување на буџетот за 44 милијарди долари. Лекорну досега не кажал што ќе биде со планот на Бајру.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира