СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА ДЕНЕСКА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

    СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА ДЕНЕСКА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈКБројни компании, установи, здруженија и политички партии соопштија дека ќе ја поддржат акцијата (Фото: БЕТА)

    Во Србија денеска е генерален штрајк, односно општа граѓанска непослушност, на што студентите и средношколците кои протестираат веќе со месеци ги повикаа граѓаните на Србија.

    Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски, ја земаме слободата во наши раце“, објавија студентите на Инстаграм.

    Бројни компании, установи, здруженија и политички партии соопштија дека ќе ја поддржат акцијата. На штрајкот ќе се придружат и некои медиуми. Адвокатската комора на Србија објави дека адвокатите денеска почнуваат тридневен прекин на работата поради „нарушувањето на владеењето на правото“. За тоа време, адвокатите нема да влегуваат и престојуваат во просториите на судовите, обвинителствата и полицијата.

    Најавено е дека во 11:52 часот на повеќе локации во земјата ќе продолжи оддавањето почит на 15-темина загинати во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, трагедија која ги поттикна секојдневните студентски протести и блокади.

    Во Белград ќе има протести и блокади на сообраќајници на повеќе локации, а матурантите на средните училишта ќе одржат „час во природа“ и протестни прошетки, повикувајќи ги граѓаните да им се придружат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира