СУДБИНАТА НА ДОНБАС СЕ РЕШАВА ВО СЕВЕРОДОЊЕЦК, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    СУДБИНАТА НА ДОНБАС СЕ РЕШАВА ВО СЕВЕРОДОЊЕЦК, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИУкраинските сили се повлекле на периферијата на Северодоњецк, кој жестоко се бомбардира (Фото: АФП)

    Битката за Северодоњецк ќе ја реши судбината на Донбас, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Русите брутално го уништуваат градот.

    Ова е многу брутална битка, можеби една од најтешките што сме ги воделе во оваа војна. Северодоњецк останува епицентар на судирот во Донбас. Во голем дел, тука се решава судбината на целиот регион“, изјави Зеленски.

    Двете страни тврдат дека му нанесуваат големи загуби на непријателот.

    Гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, кажа дека украинските сили се повлекле на периферијата на Северодоњецк откако Русите почнале жестоко да го бомбардираат, и од воздух и со артилерија.

    Нашите сили ја контролираат само периферијата на градот, но борбата продолжува“, кажа Гајдај.

    Истовремено, тој тврди дека украинските сили имаат полна контрола врз соседниот град Лисичанск.

    Русите продолжуваат да го гранатираат градот хаотично и моќно. Не постои закана од опколување на украинските трупи во Луганск, иако руските сили привремено контролираат 90% од регионот“, вели Гајдај.

    Северодоњецк и Лисичанск, кои се разделени со река, се последните упоришта на украинските сили во регионот Луганск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира