Приврзениците на претседателот Реџеп Тајип Ердоган излегоа на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул веднаш кога излегоа вестите за пучот. На улиците има тенкови.
Има извештаи за судири, а на Твитер пишуваат дека се слушаат пукотници во близина на плоштадот.
Демонстранти се собираат и пред Парламентот во Анкара, каде има тенкови.
Војската се обидува да ги отстрани медиумите од протестот во Истанбул.