СУДОТ Ѝ НАРЕДИ НА ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ДА ГО УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

    СУДОТ Ѝ НАРЕДИ НА ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ДА ГО УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАСХоландија на 23 јануари воведе полициски час за првпат од Втората светска војна (Фото: Ројтерс)

    Холандската влада доби судска наредба да го укине полицискиот час, што беше воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Судот утврди дека општата забрана за движење, што е на сила секој ден од 21 до четири и пол часот до 3 март, нема законска основа и мора да биде укината.

    Судот го усвои барањето на една група против коронамерките зашто владата не успеала да каже јасно зошто во оваа фаза од пандемијата, кога стапката на зараза е во пад, било апсолутно неопходно да користи такви вонредни моќи.

    „Полициски час се базира на закон за вонредни ситуации, кога нема време да се дебатира во парламентот. Во овој случај, немаше таков притисок“, соопшти судот во Хаг.

    Холандија воведе полициски час на 23 јануари, за првпат од Втората светска војна Холандија, што беше повод за неколкудневни насилни протести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира