ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН СВИРКАЧ КОЈ УКАЖА НА ДЕФЕКТИ НА АВИОНИТЕ „БОИНГ 737 МАКС“, ИМАЛ БРЗОШИРЕЧКА ИНФЕКЦИЈА

    ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН СВИРКАЧ КОЈ УКАЖА НА ДЕФЕКТИ НА АВИОНИТЕ „БОИНГ 737 МАКС“, ИМАЛ БРЗОШИРЕЧКА ИНФЕКЦИЈАШтандот на „Боинг“ на Саемот за авиони Ле Бурже во јуни 2023 (Фото: А. Михајловска)

    Џошуа Дин, еден од првите свиркачи кој укажа на производствени дефекти на авионите „боинг 737 макс“, почина на 45 години по борба со ненадејна брзоширечка инфекција. Неговото семејство објави дека Дин починал откако две недели бил во критична состојба.

    Дин е вториот свиркач поврзан со „Боинг“ кој почина оваа година. Преходно, свиркачот Џон Барнет беше пронајден мртов во март и неговата смрт беше прогласена за самоубиство.

    Дин работел како ревизор на квалитет во компанијата „Спирит аеросистемс“ од Вичита, Канзас, која е добавувач на „Боинг“. Тој ја обвини „Спирит“ дека игнорирала производствени проблеми на авионите „737 макс“. Во својата тужба против „Спирит“ поднесена во Федералната управа за авијација, Дин  укажал на „сериозно недолично однесување на високото раководство за квалитет кон производната линија на ‘737‘“.

    „Спирит“ го отпуштил Дин во април 2023, за што тој поднесе жалба, тврдејќи дека отказот го добил како одмазда.

    Американската компанија за производство на авиони се соочува со криза и засилени проверки од федералните служби откако во јануари годинава на еден од авионите од линијата „737 макс“ во САД му отпадна дел од трупот каде што е излезот за итна евакуација. Во инцидентот немаше повредени, но настанот ги разгоре сомнежите за пропусти во квалитетот на синџирот на добавувачи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира