ТАЈЛАНД ЈА РАКЕТИРАШЕ КАМБОЏА ВДОЛЖ СПОРНАТА ГРАНИЦА

    ТАЈЛАНД ЈА РАКЕТИРАШЕ КАМБОЏА ВДОЛЖ СПОРНАТА ГРАНИЦАБорбите означија нова ескалација во деценискиот спор за демаркација во таканаречениот Смарагден триаголник, каде што се граничат покраината Сурин во Тајланд, покраината Одар Минчи во Камбоџа и Лаос; - Жителите се евакуираат од пограничниот дел на Камбоџа. (Фото: АП)

    Тајланд изврши воздушни напади врз цели во Камбоџа, по неодамнешната ескалација на насилство на границата со соседната земја. Камбоџанските војници отворија оган врз тајландските војници во покраината Убон Рачатани, изјави денеска портпаролот на тајландската војска Винтаи Суваре.

    Во таа прилика, еден тајландски војник е убиен, а четворица се ранети. Тајландските воздухопловни сили потоа извршија напади врз „воени цели во неколку региони“ за да ги спречат нападите од Камбоџа.

    Камбоџа ја обвини тајландската армија за напад врз камбоџанските војници во пограничните покраини Преах Вихер и Одар Минчи. Портпаролката на камбоџанското Министерство за одбрана изјави дека тајландската армија испукала и тенковски истрели кон храмовите. Камбоџа, наводно, не возвратила со оган.

    Кон крајот на октомври, двете соседни држави од Југоисточна Азија потпишаа мировен договор со посредство на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој треба да обезбеди долгорочен мир. Меѓутоа, Тајланд го суспендираше спроведувањето на договорот пред помалку од еден месец откако, според војската, двајца тајландски војници беа повредени во експлозија на нагазна мина во близина на границата.

    Во јули, во петдневните борби загинаа најмалку 43 лица, а 300.000 луѓе беа раселени. Борбите означија нова ескалација во деценискиот спор за демаркација во таканаречениот Смарагден триаголник, каде што се граничат покраината Сурин во Тајланд, покраината Одар Минчи во Камбоџа и Лаос. Причината за конфликтот е нејасното дефинирање на границите што датира од колонијалниот период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира