Претседателката на Тајван Таи Инг-вен се вакцинираше со првата домашно произведена вакцина против ковид-19, давајќи лично одоборување за оваа вакцина, иако критичарите велат дека одлуката е избрзана. Министерството за здравство минатиот месец даде дозвола за итна употреба на вакцината „Медиген“, бидејќи веќе одобрените ковид вакцини доцнат во Тајван како и во многу други земји.
Нејзиното вакцинирање во живо се пренесуваше на Фејсбук, и претседателката изјави дека се чувствува добро и ќе продолжи со редовните активности во текот на денот.
Компанијата „Медиген“, чие кинеско име буквално значи „висока класа“ ги негираше тврдењата дека вакцината не е безбедна и дека прерано ја пуштиле во употреба, и тврдат оти е безбедна и ефикасна.
„Направивме многу експерименти, секој може да види колку е безбедна. Има многу малку несакани реакции, дури нема ни треска“, изјави генералниот директор. Сѐ уште не се завршени клиничките испитувања, но Владата соопшти дека првичните резултати покажуваа дека антителата создадени со „Медиген“ , „не се полоши од антителата добиени со вакцината на ‘АстраЗенека’“.
Вакцината е развиена во соработка со Националниот институт за здравство на САД, и Владата првично нарача 5 милиони дози. Вакцинацијата не е задолжителна.