ТАЈВАН ИЗВЛЕЧЕ ПОУКИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ПРЕД 25 ГОДИНИ СО 2.400 ЗАГИНАТИ И СЕ СПАСИ ОД НОВА ТРАГЕДИЈА

    ТАЈВАН ИЗВЛЕЧЕ ПОУКИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ПРЕД 25 ГОДИНИ СО 2.400 ЗАГИНАТИ И СЕ СПАСИ ОД НОВА ТРАГЕДИЈАСите нови згради во Тајван сега мора да имаат отпорност на земјотреси и да издржат извесно ниво на тресење без поголема структурална штета. (Фото: Градска служба на Хуалиен)

    Минатата среда, тајванскиот град Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,4 степени. Светските медиуми пренесоа фотографии и видеа од десеткатница навалена опасно. Но, тоа беше една од ретките згради со структурална штета, во град со 100.000 жители.

    На само 100 метри од полицискиот кордон околку зградата, улиците на Хуалиен изгледаа нормално. Продавниците и кафулињата се отворени, сообраќајот си тече, и речиси и да не се забележува дека голем земјотрес се случил пред неколку дена.

    Минатата година, земјотрес со слична јачина ги погоди Турција и Сирија, предизвикувајќи над 50.000 загинати. Овие две земји се со помали ресурси од Тајван, но и во 2011 година кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Крајстчрч во Нов Зеланд, целиот град беше срамнет со земја.

    Тајван се наоѓа на трусно подрачје и често се случуваат земјотреси. Многумина велат дека големите промени почнале со земјотресот во Чи-Чи во 1999 година, кога загинаа над 2.400 луѓе и десетици илјади објекти беа уништени.

    Катастрофалната штета предизвика многу гнев во земјата, бидејќи срушени беа и многу нови згради. Експертите тогаш велеа дека нивниот дизајн бил во основа фаличен, со недоволно големи темели и мала количина на арматура. Големата трагедија предизвика повици од јавноста за построги правила за градба, и тоа се случи.

    Сите нови згради сега мора да имаат отпорност на земјотреси и да издржат извесно ниво на тресење без поголема структурална штета. Владата исто така постојано ги ревидира нивоата на отпорност на земјотреси и постојано се идентификуваат згради кои што треба да бидат надградени.

    По 1999 година, многу згради беа дополнително зајакнати со челични рамки и нови столбови. Тоа беше аплицирано и други објекти, како мостови.
    Исто така, земјата сериозно почна да се справува со корупцијата во градежниот сектор. По земјотресот во Таинан во 2016 година, петмина вклучени во изградбата на 14-катница која што се сруши, беа осудени на затворски казни.

    Од десетте смртни случаи во земјотресот во средата, само еден е загинат во зграда. Останатите девет беа поврзани со свлечишта и паѓање на карпи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира