ТАЛИБАНЦИТЕ НАРЕДИЈА ДА СЕ ЗАТВОРАТ СИТЕ САЛОНИ ЗА УБАВИНА НА ЖЕНИТЕ ВО АВГАНИСТАН

    ТАЛИБАНЦИТЕ НАРЕДИЈА ДА СЕ ЗАТВОРАТ СИТЕ САЛОНИ ЗА УБАВИНА НА ЖЕНИТЕ ВО АВГАНИСТАНКрајниот рок за затворање на салоните за убавина за жени е еден месец. (Фото: Гети)

    Талибанската влада во Авганистан нареди да се затворат фризерските салони и центрите за  убавина на жените, соопшти Министерството за морал.

    „Крајниот рок за затворање на салоните за убавина за жени е еден месец“, изјави портпаролот на Министерството.

    Странските влади и Обединетите нации (ОН) се загрижени поради сѐ почестите ограничувањат на правата на жените, откако талибанците ја повратија власта во 2021. Минатата година, властите ги затворија голем дел од средните училишта за девојчиња, им забранија на жените да студираат и спречија најголем дел од авганистанските жени да работат.

    Голем број јавни места како спа-центри, сали за вежбање и паркови се забранети за жените. Талибанците исто така одлучија дека жените мора да се облечени во бурка и да им се гледаат само очите, и дека мора да бидат придружувани од маж, кој им е во сродство, ако патуваат повеќе од 72 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира